Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Понудената откупна цена за јачменот не ги покрива ниту трошоците за производство – велат земјоделците

/

пред 105 дена

Сподели преку :

Незадоволителна е понудената откупна цена на јачменот, откупувачите нудат од 9 до 10 денари за килограм. Земјоделците забележуваат дека оваа цена не им ги покрива трошоците за производство. Во Овче Поле и Штипско во полн ек е жетвата на јачменото, проценките се дека 50% од родот на нивите е собран. По завршување на жетвата на јачменот ќе се жнее и лебното зрно.

„Па производителите бараат да не биде под 16, затоа што со се под тоа  ќе бидат во загуба, бидејќи тука Овче Поле, Штипско, Пробиштипско, ќе имаме мал принос да речеме на пченица, нема да биде повеќе од два ипол тона по хектар, а за јачменот три тона по хектар. И кога ќе направиме производна цена, излегува дека треба да е 19 денари производната цена или 18“, рече  Гоце Серафимов потпретседател на Асоцијација на земјоделци.

Приносите годинава се послаби поради слабите пролетни дождови и сушата. Серафимов вели дека земјоделците се надеваат оти во наредниот период состојбата ќе се подобри. Очекуваат откупувачите да излезат со повисоки цени, особено за пченицата која допрва ќе се жнее.

Викторија Јованова