Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поплаките на обвинителот Хајрулахи сè уште не се разгледани во Советот – Коцевски и денеска негира дека вршел притисок

/

пред 736 дена

Сподели преку :

Мустафа Хајрулахи известил, советот ќе го отвори дописот на наредна седница, државниот обвинител Коцевски негира дека врши притисок за конкретни предмети. Пред колегите од советот за јавни обвинители објасни дека испратил раководители да проверат што и како се работи во четирите виши обвинителства. Не го интересираат конркетни предмети како што претходно посочи претседателот на виштото јавни обвинителство.

„Не можам да разберам како и зошто во ниту едно вишо јавно обвинителство не е извршена контрола. Четири години, некаде и шест години, не се направила проверка по основ на број на предмети, како тие предмети се работат. Не сакам да се подлегне на никакви притисоци, барем јас додека сум на функцијата тоа го гарантирам. Ќе има резултати. Ги назначив раководителите во наредниот период да се извршат контроли на работата на вишите обвинителства“, ги објасни своите позиции и намери, државниот јавен обвинител пред членовите на советот на јавните обвинители.

Ден претходно Коцевски испрати порака во допис дека „Обвинители кои не работат чесно и одговорно се плашат од контрола врз нивната работа“. Целта е да се утврди кои обвинители се откажувале од жалбите или повлекувале обвиненија и на тој начин, додека граѓаните очекувале правда, обвинителите помогнале некои обвинети да се спасат од кривична одговорност, прецизираше Коцевски.

Контролата беше дочекана на нож од скопското вишо обивнителство, а првиот човек Хајрулахи и со допис бара правда од советот на јавни обвинители. Писмото е неотворено, прво ќе се анализира од советот, а потоа ќе се третира на јавна седница.

Минатата недела шефот на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи во изјави за дел од медиумите тврдеше дека Коцевски му посочил да биде претпазлив како ќе се постапува со предметот со бонусите на ексобвинителите од СЈО и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која поднела жалба до вишото обвинителство за овој случај, откако организиран криминал го затворил.

Овој предмет бил во рацете на вишиот обвинител Јован Цветановски чија дисциплинска постапка за 27 април, по седум години, неодамна ја затвори советот на јавните обвинители. Коцевски вели контроли ќе има и во другите виши обвинителства.

Павле Беловски