Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поплавени улици и подруми – тешка ноќ и во Ресен, водоводниот систем привремено небезбеден

/

пред 278 дена

Сподели преку :

И Ресен се соочи со тешка ноќ. Поплавени улици и подруми. Надлежните во текот на целата вечер, но и во раните утрински часови интервенираа на терен за санација на штетите предизвикани од надојдените води поради обилните врнежи.

Oд Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен информираат дека поради интензивниот природен прилив на вода е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем.

Поради безбедносни причини, водата привремено не се препорачува за пиење. Од „Пролетер“ велат дека екипите се на терен и дека по стабилизирање на условите, водоснабдувањето ќе биде повторно во функција.