Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради големиот интерес, повторно ќе се издава граѓанска обврзница

/

пред 328 дена

Сподели преку :

Поради големиот интерес, повторно ќе се издава граѓанска обврзница. Од Министерството за финансии соопштија дека утре ќе се исплатат парите од претходната – на сметките на граѓаните ќе легнат 17,6 милиони евра и камата од 880 илјади евра.

Втората граѓанска обврзница Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година, со рок на достасување од две години и камата од 5 отсто годишно.

Овој нов инструмент беше воведен пред две години за да се збогати понудата. Досега се издадени две во вкупен износ од над 41 милион евра.

Новата граѓанска обврзница се очекува да биде издадена до крајот на годинава. Минимумот за купување на една ваква обврзница изнесува 10 илјади денари.

T.Д.