Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Prvomajski protest, SSM

Поради протестот на ССМ, посебен режим на сообраќај во Скопје

/

пред 205 дена

Сподели преку :

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради протест, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по „Филип Втори Македонски“, десно по „11 Октомври“, право по „Димитрие Чуповски“, десно по „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до пред Владата. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените сообраќајници во град Скопје, информираа од МВР.

Се апелира да се почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.