Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради ремонт во РЕК Битола, ЕСМ купи струја за над 2 милиони евра

/

пред 549 дена

Сподели преку :

Поради ремонти во РЕК Битола, ЕСМ набави струја за над 2 милиони евра за една недела. Количините се за да се покријат потребите од 6 до 11 април. Од тогаш па до крајот на неделава РЕК Битола ќе работи со намален капацитет, односно со само еден блок.  Другите два се во ремонт.

Набавката е направена од неколку трговци. Купени се над 18 илјади мегават часови по цени од 104 до 110  евра за мегават час.

Од ЕСМ тврдат дека планираниот ремонт треба да ја зголеми ефикасноста на постројката. Од компанијата велат дека со набавките на струја преку јавен оглас, ќе се заштеди хидропотенцијалот кој извесен период не беше во најдобра состојба.

Соопштуваат и дека во последните две недели има подобрување на хидролошката состојба, а акумулационите езера имале доволен капацитет за прием на зголемениот приливи на вода во реките Треска, Црна Река и Црн Дрим.

Од компанијата уверуваат дека состојбата се следи и дека ќе продолжат со испорака на потребите количини струја до ЕВН ХОУМ која е потребна за домаќинствата и малите потрошувачи.