Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Поради „супер магла“ се судрија 158 возила – најмалку 7 мртви во САД

/

пред 1077 дена

Сподели преку :

Најмалку седум лица загинаа на автопат во Луизијана во верижен судар кој бил предизвикан од густа магла. Во сообраќајката учествувале најмалку 158 возила.

Властите објаснија како некои возила се запалиле по првиот судир, а едно од нив е цистерна што превезувала „опасна течност“, соопшти полицијата без да ја прецизира супстанцијата.

Се стравува дедка бројот на загинати би можело да се зголемува.

Метеоролозите соопштија дека „супер маглата“ утрово сериозно ја нарушила видливоста меѓу регионите Рудок и Манчак во моментот на сударот.

„Неверојатно густата магла“ е предизвикана од комбинација на магла и чад од пожарите во близина, според Националната метеоролошка служба (NWS).

„Супер маглата“ е особено густа магла која се развива во влажни, зачадени услови и може да предизвика пад на видливоста на помалку од три метри.