Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешен шеф на МИ6: Акцијата на САД во Венецуела е порака за сите држави, па и за оние на Западната хемисфера

/

пред 281 дена

Сподели преку :

Операцијата за апсење на Мадуро е можеби според американското право, но легално не би поминала во Велика Британија, вели Џон Сојерс, поранешeн директор на британската тајна служба МИ6.

Според него, акцијата во Венецуела е американска порака и за оние кои ја оспоруваат нејзината моќ.

„Но, она на што се потпираат е домашното право на САД, спроведувањето на законот и употреба на воена сила за заштита на оние што го извршуваат, како што сметаат законското апсење. Сега, за нас, тоа е вистинско легално растегнување. Јас самиот не сум адвокат и мислам дека не е изненадување што Кир Стармер и неговата влада се дистанцираа од оваа операција, без всушност да упатат каква било каква критика за неа. Бидејќи таква операција немаше да помине тука, во Велика Британија. Но, Американците се закон сами и за себе. И на некој начин, ова беше потврда за американската моќ, сурова американска моќ и порака до другите, особено во западната хемисфера, до оние кои можеби сакаат да се спротивстават на американската моќ“, смета Џон Соерс, поранешен шеф на британската тајна служба МИ6.