Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешна директорка во кумановско училиште си ги задржала службените телефони откако ја смениле

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Поранешна директорка на средно училиште во Куманово ќе одговара откако си ги присвоила двата службени телефона кои ги користела за време на нејзиниот мандат.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Пријавената, во текот на 2024 година во својство на директор на средно училиште во Куманово, присвоила два мобилни телефони сопственост на училиштето, кои ѝ биле доверени за користење, односно по завршување на нејзиниот мандат не ги вратила, со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 130.000 денари“, пишува во соопштението на МВР.

Т.Д.