Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешната министерка Каја Шукова предлог за градоначалник на Град Скопје од СДСМ

/

пред 457 дена

Сподели преку :

На денешната прес-конференција лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче излезе со листа на кандидати за градоначалници кои ќе се тркаат на локалните избори на есен.

За кандидат градоначалник за Градот Скопје партијата ја предложи Каја Шукова, поранешната министерка за животна средина и просторно уредување, која воедно сега ја извршува улогата на потпретседателка на партијата СДСМ.

За кандидат во Општина Битола е предложен Методија Куновски, додека за  Валандово е Перо Костадиновски, за Општина Виница е Гоце Милевски, а за Општина Зрновци, Ванчо Митев.

Дополнително за Кавадарци е Виктор Велевски, додека за Општина Карпош е избрана д-р Маја Мојсова Миовска. За Општина Кисела Вода е Горан Трајковски, додека за Општина Маврово Ростуше е Анес Ахмети. За Општина Ново Село е Петар Спасов, а за Општина Петровец кандидат за градоначалник е Елизабета Зелениковска.

Во Општина Прилеп е предложена Петра Лукаровска, додека за Општина Радовиш е предложен Ристо Спасов. Во Општина Свети Николе кандидат ќе биде Дејан Гичев, а во Општина Чашка, Горан Стојановски, дополнително за Општина Брвеница кандидат за градоначалник ќе биде Светлана Митревска Анѓелковска.

Засега Филипче не соопшти дали партијата СДСМ на локалните избори ќе има кандидат за Општина Тетово.