Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешниот директор на струмички Комуналец незаконски си исплаќал додатоци на плата, па стекнал над 550.000 денари- обвинителството е на потег

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Поранешен директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Струмица, е осомничен дека во повеќе наврати злоупотребил службена положба и овластување.

Тој, без соодветна анализа и спротивно на правилниците и законот, си исплатувал додатоци на плата од 6.000 до 9.000 денари месечно.

Со овие исплати, според полицијата, се стекнал со противправна имотна корист од над 550.000 денари.

Дополнително, во септември и октомври 2021 година, тој донел уште седум идентични решенија за други вработени во претпријатието, со што им овозможил незаконска добивка од вкупно 312.000 денари.

Вкупната штета за буџетот на ЈП се проценува на 864.520 денари.

Случајот е пријавен до Основното јавно обвинителство во Струмица, кое треба да одлучи за понатамошното постапување.