Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Порано Сталин добиваше улици, сега Трамп паркови – реакции на Романци на социјалните мрежи по одлуката парк во Букурешт да се именува по претседателот на САД

/

пред 180 дена

Сподели преку :

Нов парк во романската престолнина ќе го носи името на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти градоначалникот на четвртиот сектор во Букурешт, Даниел Балуца. Веста предизвика поделени реакции во јавноста – од незадоволство и критики до сарказам на социјалните мрежи.

Градоначалникот Балуца појасни дека името е избранo како „симбол на пријателството и заедничките вредности“, поврзувајќи ја одлуката со одбележувањето на 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД и средбите со специјалниот пратеник Паоло Замполи и новиот американски амбасадор Дарил Ниренберг.

Весникот „Адеврул“ пренесува дека многу граѓани се жалат на недостиг од основни зелени површини и инфраструктура, додека одлуката за името ја сметаат за политизирана.

На социјалната мрежа „Редит“, корисниците го споредија потегот со минатите времиња кога улици и градови го носеа името на Сталин, прашувајќи зошто не е избрана личност од Романија и зошто немало јавна расправа за трошењето на јавните средства за оваа намена.

Фото: printscreen/youtube