Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во централното градско подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Причината е одржувањето на протестниот марш под мотото „Стоп за Усје“, кој е закажан со почеток во 12:00 часот.
Маршот завршува пред Министерството за животна средина, до каде ќе се стигне преку улицата „Филип Втори Македонски“.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Од МВР апелираат до сите граѓани да ги почитуваат наредбите на полициските службеници за да се избегне поголем метеж.
Б.С.











