Посиромашните земји ќе мора да плаќаат поскапо жито откако Русија го суспендира својот дел од договорот што ѝ дозволуваше на Украина безбедно да испорачува прехрамбени производи од нејзините пристаништа на Црното Море изјави високиот научен соработник во Меѓународниот институт за истражување на политиката за храна во Вашингтон, Џозеф Глаубер.
Според него за Западот и развиените земји, оваа одлука можеби ќе значи малку повеќе инфлација или пролонгирана инфлација, но за сиромашните земји, ваквиот чекор е многу поголема работа.
Рускиот претседател Владимир Путин пак вчера од Сочи рече дека Русија претходно се согласила на иницијативата „конкретно во интерес на најсиромашните земји“, но сугерираше дека речиси и да нема жито кое стигнало до нациите на кои им е најпотребно.











