Последни подготовки во Соборниот храм „Свети Климент Oхридски“ пред утрешната заедничка литургија на МПЦ – ОА и СПЦ која ќе ја предводат поглаварите, архиепископот г.г. Стефан и Патријархот г. Порфириј. Се чисти и се средува околината пред храмот, платото како и внатрешноста. Во српската делегација која брои дваесетина члена ќе има осуммина владици
Утрешната литургија, исто како и минатонеделната литургија за помирување, ќе се води на македонски и на српски јазик. Овој пат со литургијата ќе се потврди заедништвото меѓу МПЦ – ОА и СПЦ а очекувањата се дека ќе присуствуваат огромен број на верници.
Вселенската патријаршија на девети овој месец ја призна каноничноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија а тоа го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот
Вселенскиот патријарх Вартоломеј пак ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол и ја истакна радоста на Мајката црква во Константинопол по „историската одлука“ на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница.
Откако заврши Соборот на СПЦ станува да се види дали и кога српската црква како единствено надлежа до Вселенската патријаршија да го доѕтави барањето за автокефалност на МПЦ- ОА.
Огнен Чанчаревиќ











