Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Постхумно одликување за возачот на Итната помош кој почина по превоз на многу пациенти по трагедијата во Кочани

/

пред 581 дена

Сподели преку :

Возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти, ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

„Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам“, изјави Таравари.

Во однос на информациите дека инфаркт имал уште еден возач на Брза помош, Таравари рече дека таква информација во Кризниот штаб досега немаат.