Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Постигнатиот договор меѓу СОНК и МОН треба да биде усвоен од Советот на синдикатот пред да биде потпишан

/

пред 1600 дена

Сподели преку :

Долги, тешки и мачни преговори, во кои се договорени најголемиот дел барања кои  СОНК ги имаше доставено до Министерството за образование и наука, вели Неделков за четиричасовната средба на која беше постигнат договор  за зголемување на платите за 15 проценти за просветните работници.

Во претстојниот период треба формално правно да се запазат процедурите за потпишување на спогодбата каде сето она што е договорено ќе биде предмет на писмен договор кој би го потпишале Неделков и министерот за образование и наука  Јетон Шаќири.

„Се разбира пред да се потпише таа спогодба од страна на СОНК, од страна на органот на одлучување, тоа е Советот на СОНК треба да добијам овластување за потпишување на таква спогодба. Од друга страна веројатно и министерот треба да добие согласност од Влада итн. Тоа ќе биде првиот чекор која во рок од десет дена треба да се заврши. Во тој период и ние како синдикат ќе имаме состаноци  на регионално ниво каде што на нашето членство ќе се презентира што се ќе содржи спогодбата и што се е договорено со ресорните министерства МТСП и МОН“ – изјави Јаким Неделков, претседателот на СОНК.

Во меѓувреме Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги продолжуваат преговорите за усогласување на ставовите и надминување на проблемот со платите во периодот во кој штрајкуваа вработените во градинките. Според Законот за работни односи и Колективниот договор  за месец април се исплаќаат само придонеси, но не и дневници.

„Денеска или утре, се надевам денеска дека ќе изнајдеме решение за исплата на платите во денови на штрајк на вработените во детска заштита и очекувам и тоа да се заврши што поскоро. Истата процедура со МТСП ќе биде потпишување спогодба и тоа е овој дел кој мора најдоцна за десетина дена да се заврши“ – додава Неделков.

Неделков најави дека што поскоро ќе отпочнат и преговорите за нови колективни договори во основното и средното образование кои треба да бидат завршени најдоцна до крајот на септември, додека во детска заштита до крајот на месец јуни.

СОНК штрајкуваше безмалку три седмици во април поради неисполнување на барањата од страна на владата, меѓу кои е и порастот на платите за  18, 4%, согласно зголемената минимална.

Нина Стефанова