Претседателот Николас Мадуро и првата дама Силија Флорес се исчезнати и власта во Венецуела не знае каде тие се наоѓаат, потврди потпретседателката на оваа јужноамериканска држава, Делси Родригез во изјавата за националната телевизија и побара доказ дека тие се живи.
По американското бомбардирање и информацијата објавена од претседателот Трамп на социјалната мрежа Truth Social дека САД го заробиле и извлекле од Венецуела, претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга, засега е нејасно кој ја контролира власта во јужноамериканската држава.
По уставот, тоа треба да е потпретседателката на државата. Родригез додаде и дека ваквиот потенцијален развој на настаните е нешто што го предвидел Мадуро и за што подготвил воен одбранбен план.
„Претседателот Мадуро беше многу јасен и го предупреди народот на Венецуела дека агресија од ваков вид може д се случи, заради очајната состојба на енергетската лакомост на Соединетите држави“ – додаде Родригез.
Истовремено, министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино, нареди целосно распоредување на вооружените сили на државата по веста за американски напади на повеќе локации во земјата.
Во обид да ја спречат евентуална внатрешна нестабилност на државата по отстранувањето од земјата на лидерот Мадуро, министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо, апелираше до граѓаните да останат мирни и да не очајуваат.
САД ја нападнаа Венецуела – експлозии во Каракас и други провинции во државата











