Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потрага по решенија за несогласувањата во Вреди – работни групи на коалицијата работат на случајот

/

пред 557 дена

Сподели преку :

Состојбата во коалицијата Вреди останува неизвесна и по вчерашниот состанок на четворицата лидери.

Тие се сретнаа во Скопје, на средба која дел од јавноста ја протолкува како „клучна“ околу прашањето дали Таравари останува во коалицијата, за потоа состанокот да добие друг епитет – „координативен“.

Се очекуваат одговори во врска со настапот на Вреди на претстојните локални избори и на маса се неколку опции.

Меѓукоалициските односи добија нов тек по конфликтот околу прераспределбата на добитните градоначалнички и советнички позиции на изборните листи.

Предводникот на крилото на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, пред половина месец кажа дека понудил две опции – едната е, да настапат со заеднички кандидати за градоначалници, но сите партии да одат одделно во трката за советнички места.

Друга опција е трите партии од Вреди да бидат заедно, а Алијанса посебно. За ова и другите актуелни прашања во коалицијата Вреди, Таравари кусо одговара.

„Работните тимови работат. Се надевам на брз договор“, вели Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците. 

Телма се обиде да добие став и од другите тројца лидери на Вреди, но тие не дадоа одговор во која насока се движат работите во коалицијата.

Во меѓувреме, јавноста беше сведок и на јавни препукувања, но веднаш по нив следуваа смирувачки тонови од претседателите на партиите. Касами на Таравари му порача дека ако замине од Вреди ќе биде нула, исто како што бил нула и кога дошол во коалицијата. Потоа, Таравари таа изјава ја објасни како „лапсус лингва“, велејќи дека тоа е „кога устата побрзо зборува отколку што мозокот процесуира“.

Претходно, Меџити од Демократско движење, Касами од БЕСА и Ибраими од Алтернатива се оградија од изјавите на Таравари, кој кажа дека и неговата Алијанса, но и сите други партии од Вреди имаат некаква комуникација со ДУИ.

Петар Догов