Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потрошени се 143 милиони евра- Ревизијата откри низа пропусти при работењето на државното претпријатие за пренос на гас НОМАГАС

/

пред 287 дена

Сподели преку :

Ревизијата откри низа пропусти при работењето на државното претпријатие за пренос на гас НОМАГАС. Потрошени се 143 милиони евра за три магистрални гасоводи но тие не се ставени во функција. Претпријатието нема впишано голем дел од имотот во катастар а работи и без да го донесе десетгодишниот план. Во моментов го троши кредитот за интерконкторот.

Осум години се граделе и за нив биле потрошени 143 милиони евра, пари од државното претпријатие НОМАГАС, а не се употребуваат. Ова го констатирал државниот ревизор за три магистрални гасоводи кои се уште претпријатието не ги ставило во функција. Според ревизорите проблем се нерешените имотно-правни односи и експропријацијата на земјиштето каде поминуваат трите мрежи на гасоводот. Ревизорите утврдиле дека во јуни годинава НОМАГАС ангажирало геодетска фирма за потребниот елаборат.

  • Сѐ уште не се ставени во употреба од причина што не се обезбедени одобренија за употреба, а потоа и имотни листови. Исто така, заклучно со 2024 година за магистралните гасоводи ЛОТ 2 и ЛОТ 5 не било извршено прибележување и предбележување на гасовод како линиски инфраструктурен објект во катастарот на инфраструктурни објекти од страна на надлежната институција Министерство за транспорт и врски, се вели во Ревизорскиот извештај.

Освен ова ревизорите утврдиле и дека НОМАГАС располага само со имотен лист за гасоводот Деве Баир – Скопје и неговите шест разводни гасоводи. За 78 придружни објекти како блок станици, мерно-регулациони станици и чистачки станици сè уште се водат постапки за легализација во Министерството за транспорт и општините.

Проблем е што друштвото се уште нема донесено десет годишен план за работење а нема ниту оператор на систем за дистрибуција на гас. Ревизорите истакнуваат дека годинава се започнати активности за изградба на интерконекторот кој ќе ја поврзе Македонија со Грција. Заем од 30 милиони евра зема од Европската инвестициска банка која додатно му дава и инвестициски грант од 12,4 милиони евра.

  • Во август 2025 година на сметка на друштвото префрлени се 6 милиони евра. Овие средства, потоа се префрлени на сметка на изведувачот на интерконективниот гасовод со кој во мај 2025 година склучен е договор за изградба. Во однос на грантот за техничка помош на сметка на друштвото во јуни 2025 година префрлени се 500 илјади евра, се вели во Ревизорскиот извештај.

Во исто време НОМАГАС и дал заем на Пошта од милион и 200 илјади евра кој треба да го врати до 30 овој месец но ревизорите го опоменуваат дека давање заеми не е дејност на друштвото. Номагас има и орочени пари во банка, на кои зема камата, но ревизорите ја доведуваат во прашање исправноста на одлуката и ефектот од приходите од камата. Ревизорскиот извештај е правен за време додека директори на претпријатието биле Бајрам Реџепи и Мухамет Елмази.

На почетокот на декември за нов директор е поставен Недим Рама, откако претходно беше шеф на кабинетот на досегашниот министер за животна средина и вицепремиер Изет Меџити.

Билјана Николовска

Б.С.