Јавното комуналното претпријатие го депонира отпадот на Градската депонија, градоначалникот Папазов и надлежните повикуваат штрајкувачите да дозволат „Водовод“ нормално да си ја врши работата.
„Можеме да констатираме дека се исполнети сите услови кои беа поставени од луѓето што протестираат. Можете да видите дека депонијата не чади и може да се забележи дека има стражарска служба. Се поставува видеонадзор, а се обезбедени и доволно количини земја за третирање на отпадот. Сметам дека рокот од 48 часа, којшто трае до 20 часот, денес на 3 ноември, е недоволен за „Водовод“ да ја заврши целосно работата. Заостанати се повеќе количини отпад во домовите, а од она што беше во контејнерите и на терен е собрано скоро сѐ. Мојот апел до штрајкувачите е да дозволат КЈП „Водовод“ да си ја врши својата работа“, повика градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.
Протестот на граѓаните продолжува.











