Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе од 400 граѓани побарале информации за евакуација од државите на Блискиот Исток

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Повеќе од 400 македонски државјани во странство побарале информации во врска со можноста за евакуација, додека околу 30 од нив изразиле подготвеност да ја напуштат земјата во првата можна прилика, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Согласно последните информации добиени од дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, со сите пријавени лица се одржува редовна и континуирана комуникација. Во тек се подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата на терен.

Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги преземаат сите неопходни мерки за подготовка и безбедна реализација на евакуацијата на граѓаните кои веќе изразиле подготвеност за тоа. Министерството е во постојана комуникација со пријателските земји и меѓународните партнери со цел координирано и успешно спроведување на постапката.

За граѓаните кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати и Државата Катар, според информациите и насоките од надлежните институции, во моментов не постојат безбедни услови за евакуација. Од друга страна, за македонските државјани во Израел активно се разгледуваат и координираат потенцијални алтернативи за нивно безбедно извлекување.

Од Министерството апелираат сите македонски државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи.

МНРНТ, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, останува целосно на располагање на граѓаните.

За дополнителни информации и помош, на располагање се следните контакти:

-СОС дежурен телефон (МНРНТ): 075/273-732

-Амбасада на РСМ во Доха: +974 50 173 111

-Амбасада на РСМ во Абу Даби: +971 56 441 7532

-Амбасада на РСМ во Тел Авив: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546

T.Д.