Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе од две години му давал да вози без дозвола – обвинение за таткото на Васил

/

пред 567 дена

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против таткото на Васил Јованов, кој без возачка дозвола и со огромна брзина на булеварот „Партизански Одреди“ ја прегази Фросина Кулакова.

„Јавен обвинител обезбедил докази дека родителот на Васил две години му дозволувал без возачка да управува со возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил, бидејќи немал положено и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година“, велат од Обвинителството.