Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бараат дислокација на Цементарница – повеќе стотици граѓани протестираа пред „Усје“ поради долгогодишно загадување

/

пред 292 дена

Сподели преку :

Со транспаренти „Скопје се гуши, државата молчи – ама не и ние“, „Усје – фабрика за смрт“ и „Профит за Усје, болест за народот“, денеска граѓани протестираа во близина на цементарницата Усје. Тие реагираа на, како што велат, долгогодишното загадување што доаѓа од фабриката и неговото влијание врз здравјето и животната средина.

Демонстрантите симболично поставија пехар со натпис „Трујач на годината – Усје“, а дел од нив носеа заштитни маски и гас-маски, укажувајќи на сериозноста на проблемот.

Тие бараат итна реакција од надлежните институции, прекин на користењето на увозен отпад и дислокација на цементарницата од населена средина.

„Прават рудници на отворено, ја уништуваат природата. Ова мора да запре. Најдобро е фабриката да престане со работа. Прво треба да се стопира горењето на увозен отпад и да се користат почисти енергенси, а потоа и дислокација, затоа што на ваква фабрика не ѝ е место во населба. Треба да биде најмалку пет километри оддалечена“, велат од граѓанска иницијатива „Стоп за Усје“.

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ порачуваат дека протестот е само почеток и дека нема да се откажат додека, како што велат, проблемот со загадувањето целосно не се реши.

Тамара Марковска