Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќечасовните разговори во Џеда им влеваат надеж на Украинците

/

пред 587 дена

Сподели преку :

Откако прво им го покажаа стапот, Украинците на денешните разговори со Американците во Џеда, успеаја да фрлат поглед и врз морковот. Официјално, Вашингтон преговорите ги оквалификува со истата формулација која ја употребија за првата средба со Русите во Ријад пред три недели. Да проценат колку Украинците се подготвени за мир и какви отстапки можат да понудат.

Заклучоците од денешните разговори во Џеда, Американците ќе им ги презентираат на Русите, а тоа најверојатно ќе го направи Стив Виткоф, специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, за кој Белата куќа денеска потврди дека идната недела ќе патува во Москва.

Европа, која администрацијата на Трамп со сите сили се труди да ја заобиколи, предупредува дека иако е потребно итно постигнување мир, сепак тој треба да биде праведен и одржлив.

„Од својата историја Европа научи дека попуштање пред барањата на агресорот води до повеќе насилство. Да бидеме на јасно, оваа војна може веднаш да заврши ако Русија, единствената одговорна страна, ги повлече своите војници и престане да ја бомбардира Украина. Русија може да ја запре војната кога сака, но не сака“ изјави Каја Калас – Висок претставник за надворешни работи и безбедност.

За Москва единствена пречка за постигнување мир се Киев и украинскиот претседател Зеленски.

„Мировниот процес сѐ уште не започнал. Г-дин Зеленски јавно вели дека не сака никакво примирје се додека Американците не му дадат гаранции дека ќе ја нападнат со нуклеарно оружје Русија во случај да се случи нешто. Така го постави прашањето“ изјави Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Руската Федерација.

Обновувањето на американската воена помош и споделувањето разузнавачки информации, ќе зависат од тоа колку Американците денеска ќе бидат задоволни од украинската соработка.

Во исто време со средбата во Џеда, францускиот претседател Емануел Макрон ги угости шефовите на генералштабовите на 30 држави во Париз, преземајќи го првиот чекор кон создавање на, како што ја нарече британскиот премиер Стармер, „Коалицијата на подготвените“.

Игор Трајков