Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќекратно убиство со нож во Илиноис, мотивот е непознат

/

пред 939 дена

Сподели преку :

Четири лица се убиени, а петмина повредени во напад во Рокфорд, Илиноис. Полицијата уапси 22-годишен маж кој е осомничен за повеќекратното убиство.

Според информациите, некои од жртвите биле избодени со нож. Во нападот нема докази за употреба на огнено оружје. Меѓу загинатите има и малолетно лице.

„Во градот Рокфорд имаме четири починати лица. Уште еден е во критична состојба, а други четворица се во стабилна здравствена состојба. Повикот го добивме во 13 часот и 14 минути. Имаме осомничен во притвор којшто е во една од нашите станици“, изјави Карла Ред, шеф на полицискиот оддел во Рокфорд.

Во тек е истрага за причините за крворполевањето.