Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повик за бојкот на маркетите и во земјите од регионот

/

пред 606 дена

Сподели преку :

Повик за бојкот на големите трговски синџири се упатува и до граѓаните на соседните земји. Платформата „Ало, инспекторе“, која делува во регионот, за петок, најави повторен општ бојкот на сите продавници и услуги поради рекордно високите цени.

Овој бојкот ќе се спроведе во Србија, Босна и Херцеговина, а сега се приклучува и Косово. Од сабота, 8 февруари, започнува седумдневен бојкот на еден трговски синџир, чиј избор ќе биде одреден преку анкета на Фејсбук, која веќе предизвикала голем интерес меѓу граѓаните.

Анкетата имала толку голем број на учесници што два пати „паднал серверот“. Според платформата „Ало инспекторе“потрошувачите барале да се продолжи со бојкотите, бидејќи, според нив, трговците не ги сфатиле пораките од претходните два општи бојкоти.

Ја истакнуваат важноста на оваа акција како начин да се притиснат трговците да ги намалат цените и да покажат поголема одговорност кон потрошувачите.