Турски државјанин се здобил со повреди при извршување градежни работи во државава.
„Вчера во 15:55 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, од приватна болница во градот е пријавено дека кај нив со повреди е донесен 46-годишниот М.А. од Република Турција“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за приватна фирма на автопатот Гостивар – Кичево. Се работи на расчистување на случајот.











