Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов и неговите двајца претходници Николчо Илиев и Ратко Димитровски се приведени во врска со пожарот во дискотеката во кој загинаа 59 лица, дознава Телма. За време на нивното менаџирање со градот, „Пулс“, речиси, цело свое постоење работела на диво.
Дискотеката „Пулс“ била отворена во 2012 година, кога прв човек на Кочани беше Димитровски. Тогаш општината му препорачала на Државниот пазарен испекторат (ДПИ) да не ѝ издава лиценца за дискотека, бидејќи објектот бил наменет за лесна индустрија. Но, дискотеката „Пулс“, сепак, била отворена во зимата во 2012 година. Димитровски беше градоначалник на Кочани до 2017 година.
Дискотеката работела на диво и во времето на наредниот градоначалник Илијев. Првата лиценца од Министерството за економија, кое е надлежно, ја добива 2021 година, кога прв човек на Кочани станува Папазов. Но, прашање е како е издадена кога објектот не бил угостителски и не ги исполнувал законските одредби.
Сепак, дискотеката „Пулс“ има лиценца која ѝ важи една година. Една година повторно работи на диво за повторно во 2023 да добие нова лиценца, која истекла лани. До моментот на пожарот, „Пулс“ имала фалсификувана лиценца. Папазов на 17 март поднесе неотповиклива оставка.
Вкупно 26 осомничени од кочанското обвинителство се со краткотраен притвор, меѓу нив се и екс министерот за економија Крешник Бектеши, поранешната државната секретарка во министерството Размена Чекиќ Дуровиќ, поранешните директори на ДЗС и ДПИ, Беким Максути и Горан Трајковски, обезбедувачи вработени во државни институции.
Дополнителено од вчера вечер во 30 дневен притвор се уште седумина полициски службеници поранешни началници и инспектори од Штип и Кочани.
Тие се гонат дека без проверки и без контрола, на сопственикот на дискотеката „Пулс“ му издале документи кои биле искористени во 2023-та да добие лиценца.
Приведени поранешните градоначалници на Кочани Димитровски, Илијев и Папазов











