Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно дојави за бомби во дел од скопските средни училишта

/

пред 1426 дена

Сподели преку :

Две средни училишта од Скопје утринава алармирани со дојава за поставена експлозивна направа. Заканите биле испратени до Гимназијата Јосип Броз Тито и во уште едно училиште каде во моментов извршена е евакуација на учениците и во тек се антитерористички проверки.

Од МВР соопштуваат дека заканите пристигнале околу 9 часот и 30 минути на училишните електронски адреси, исто како и во претходните случаи изминатиот период, и додаваат дека веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата.

Денешните закани доаѓаат во иста смена на учениците кои минатите две недели беа во втора смена во скопските гимназии. Сите претходни дојави во минатите две недели излегоа дека се лажни.