Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно измамена 82-годишна жена која изгубила 4 илјади евра со лажна сообраќајна несреќа

/

пред 366 дена

Сподели преку :

Нова измама со лажна сообраќајна несреќа. Жртва е 82-годишна жена од Скопје која изгубила 4.000 евра информира СВР Скопје. Според пријавата, на 15 октомври околу 19:10 часот, непознато лице ја контактирало телефонски, претставувајќи се како полициски службеник.

Лицето ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и побарало пари за да „ѝ се помогне“ да не одговара кривично.

Жената ги оставила парите на договорена локација, но подоцна, кога стапила во контакт со ќерка ѝ, сфатила дека е измамена. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не наседнуваат на вакви телефонски повици.

Т.Д.