Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно пукање во Белград, застрелани двајца мажи – напаѓачот е во бегство

/

пред 1246 дена

Сподели преку :

Две лица од кои едно според пишувањата на српските медиуми е македонски државјанин, се ранети во престрелката што доцна синоќа се случила во белградската населба Врачар откако врз нив бил извршен напад со огнено оружје од страна на дваесетгодишник.

Лицето кое пукало врз двајцата мажи веднаш се дало во бегство но со брза реакција на српската полиција тоа било лоцирано и приведено. Застреланите мажи се префрлени во Ургентниот центар, едниот со повреда во ногата, другиот во грбот.

Во пукањето ранети се А.П.(26), кој е веќе познат на полицијата и по кого е распишана потерница за издржување казна, како и македонскиот државјанин Д.Л.(21). Македонскиот државјанин e во Ургентниот центар на хируршки третман, информираат за МКД.мк од македонското Министерство за надворешни работи. Српските медиуми претпоставуваат дека македонскиот државјанин бил случајно ранет.