Денес попладне избувна пожар во населбата ГеГе, кој се прошири кон дворот на Психијатриската болница Бардовци. Пожарот зафати дел од обрасната површина со сува трева и дрвја, претставувајќи сериозна закана за болничкиот комплекс, информираат од ЦУК.

Од таму додаваат дека била извршена навремена евакуација на пациентите и персоналот, кои се преместени на безбедно.
На терен интервенирале екипи од Бригадата за противпожарна заштита, во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Хеликоптерската единица на МВР.

Пожарот е ставен под контрола, а воздушна поддршка засега не е потребна.











