Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово – огнот се гасне со затрупување на отпадот со земја

/

пред 124 дена

Сподели преку :

На депонијата „Краста“ во Куманово синоќа избувна пожар, а екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ и денеска работат на негово локализирање.

Според надлежните, пожарот се гасне со затрупување на отпадот со земја, со цел да се спречи понатамошно чадење.

Во интервенцијата учествувале и кумановските пожарникари, кои синоќа од 20 до 23 часот гаснеле со едно противпожарно возило.

Од претпријатието очекуваат ситуацијата наскоро да биде ставена под контрола.

Депонијата „Краста“, која функционира од 1958 година и зафаќа околу 12,5 хектари, е дел од проект за трансформација во претоварна станица.