Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар се шири на Исарот во Штип

/

пред 92 дена

Сподели преку :

Пожар се шири на Исарот во Штип. Гори ниска вегетација веднаш над централното градско подрачје.

Жители кои живеат блиску до пожарот, прскаат со црева за навреме да спречат ширење на огнот. Поради сериозноста на ситуацијата и близината до градот, веднаш е активирана воздушна поддршка за негово гаснење.

Директорот на ДЗС, информираше дека ЕР трактор веќе е упатен кон штипскиот регион.

Покрај во Штип, активни пожари има и во  Пробиштипско меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино. Во Бучиште во пожарот изгоре куќа. Сега огнените јазици се шират кон селото Ратавица.

Пожар има и во општина Чешиново-Облешево: с. Новоселани каде што гори ниска вегетација.