Попладневно настана пожар во автомеханичарска работилница кај Тутунски комбинат. На терен интервенирале три возила со десетина пожарникари.

Првото противпожарно возило пристигнало за помалку од пет минути и огнот за брзо бил ставен под контрола. Повредени нема. Причините за пожарот ќе се истражуваат.











