Утрово изби силен пожар на покривна конструкција на барака во скопската населба Бутел 1 на улицата Хо Ши Мин. На терен интервенираат пет противпожарни возила, а според информациите од противпожарните служби огнот се префрлил и на соседниот објект.
Првичните информации од терен говорат дека најверојатно огнот почнал да се шири од оџакот на станбената единица.
Во моментов пожарот е ставен под контрола, а противпожарните служби интервенираат во насока на негово целосно гасење и спречување на негово проширување.
За сега нема информации за повредени или за тоа колкава материјална штета е причинета.











