Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар во висококатница во Битола – едно лице се задушило

/

пред 1613 дена

Сподели преку :

Вистинска драма се случуваше рано утрово во висококатницата на улицата „Булевар 1 мај“ во Битола, каде во пожар во стан на 11 кат настрада 93 годишен неподвижен  битолчанец. Огнот избувна во 4 часот кога најголем дел од станарите спијеа, а чадот се ширеше насекаде во зградата.

Едни со други се будевме за да не биде поголема катастрофата, затоа што внатре имаше многу чад кој се ширеше кон скалите и лифтовите. Слегувавме надолу, вели Оливер Грамосли, станар.  

Поголем дел од станарите успејаа навреме да ја напушија зградата, а неподвижните останаа заробени во своите станови. Нив ги извлекуваа пожарникарите. Територијалната противпожарна единица интервенираше со целиот капацитет, 5 возила и 33 пожарникари кои се соочија со исклучително тежок и опасен пожар.

На горниот дел нема отвор, немаше чадот од каде да излегува, голема температура имавме на 11 и 12 кат. Тоа ни беше голем проблем, не можевме да влезем внатре, час и половина се обидувавме да влеземе внатре. Моравме со ладење, а кога влеговме за кусо време беше завршено, рече Горан Димкоски, заменик командир на ТППЕ Битола

Станирите се пожалија дека пожарот побрзо ќе се санираше ако хидрантската мрежа во зградата беше функционална.

Многу е лошо затоа што во зградата не функционира хидрантската мрежа. Ако работеше сите ќе бевме по спремни да се изгасне пожарот, рече Грамосли.

Пожарникарите ја контролираа зградата и во текот на денот, а електричната енергија превентивно беше исклучена, поради што висококатницата денеска остана и без лифт. Увид изврши полицијата и јавен обвинител, а телото на починатиот станар ќе биде предадено на обдукција. Причините за пожарот доплнително ќе се утврдуваат.

Емилија Мисирлиевска