Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожари во општините Ѓорче Петров и Сарај – во моментот се активни уште пет низ цела Македонија

/

пред 1091 дена

Сподели преку :

Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека во скопската населба Ѓорче Петров, од левата страна на Вардар, блиску до куќи избувна пожар. Се очекува да интервенира Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Пожарот е во населбата Ѓорче Петров, покрај мостот, спроти бензинската пумпа „Макпетрол“, од левата страна на реката Вардар.

Повеќе пожари од запалени стрништа има пред првата патарина кон Тетово во Општина Сарај, каде граѓаните сами го гаснат огнот.

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни пет пожари и тоа во општините Македонски Брод, Штип, Врапчиште, Могила и Делчево, зафатени се пасишта и нискостеблеста шума. Според информациите на ЦУК, вчера имало вкупно 33 пожари од кои 28 се изгаснати.