Пожарот е ставен под контрола, но не е целосно изгаснат. Чад сè уште се издига од опожарениот објект во непосредна близина на тетовско Фалише.
Доцна синоќа имало и експлозии на боци во магацинот, велат тетовските пожарникари и додаваат дека ќе имаат уште неколку часа работа во текот на денешниот ден.











