Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот кај Желино предизвикан од човечки фактор?

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Пожарот кој денес од пладне почна на планината Жеден спроти тетовско Желино, најверојатно е предизвикан со човечка умисла и подметнат. Вака ни образложи градоначалникот на Желино кој заедно со директорот на Центарот за управување со кризи непосредно ги координираа активностите за справување со пожарот и ги следеа напорите на пожарникарите и другите служби, огнот на планината да се стави под контрола.

-Нашите сознанија информации и од противпожарните единици од пожарникарите што беа овде се констатирани дека 3 гуми беа запалени што ги фатиле значи на терен што докажува дека е човечки фактор на целиот овој настан, изјави Блерим Сејдиу градоначалник на О. Желино.

Прво тетовските пожарникари почнаа да го гаснат овој оган од земја. Во текот на денот добија поддршка од од скопските колеги, како и од службите кои ги имаат на располагање новите специјализирани возила наменети за гаснење вакви шумски огнови. Се гаснеше и од воздух со помош на армиски хеликоптер и двата авиони на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Армијата е овде. Надлежните органи како ЦУК, Центар за управување со кризи и со Дирекцијата за спасување сме во контакт цело време. Хеликоптерот само што стигнал. Чекаме и авионото да стигне со вода со цел да се неутрализира целиот оган да не се проширува, пошто овде е и базата на Армијата во Еребино, вели Сејдиу.

Огнот ја зафати планината Жеден и можеше да се забележи од автопатот Тетово-Скопје, а се ширеше и поради ветер.

Изгореа десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација. На планината Жеден огнот достигна и до највисоките подрачја.

Пожари денес се гаснеа на уште пет други места во Македонија, а надлежните информираа дека три од нив се под контрола, а исто толку до 14 часот беа целосно изгаснати.

Александар Самарџиев