Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот згасна, Виница стравува за иднината на фабриката

/

пред 408 дена

Сподели преку :

Огнот е згаснат, но прашањата остануваат. Откако пожарот пеплоса голем дел од фабриката „Макпрогрес“ – Виница стравува за иднината на фабриката и за 500 работни места. Поддршка стигнува од граѓаните, институциите и бизнис-заедницата.  Обвинител и вештак се уште се на терен, се чекаат одговори како се случи големиот пожар во Винчини во кој осум работници и четворица пожарникари се повредени.

Стабилна е состојбата на осумината вработени од виничката фабрика „Макпрогрес-Винчини“ од Виница, кои се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија во Скопје. Тие во текот на пожарот видишаа чад. Од министерството за здравство информираат дека по извршените прегледи од лекарите не се забележани компликации и дел од нив денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

„Сите хоспитализирани пациенти клинички се стабилни. По извршените прегледи кај ниту еден од нив нема компликации. Се очекува во текот на денот, дел од хоспитализираните работници да бидат испишани и да заминат дома“, информираат од Министерството за здравство.

Во пожарот беа повредени и четворица пожарникари  од Штип, Свети Николе и Виница. Тројца од нив се пуштени од кочанската болница. Тие се здобија со изгореници од прв степен на стапалата и екстриметитетите.  Во болница ќе остане уште еден пожарникар, на кој треба да му се направи коронарографија во Штип. Доколку резултатите се добри и тој заминува дома.

Обвинителството информира дека три дена по пожарот во најголемата фабрика за кондиториски-пекарски производи во регионот денеска на терен освен јавен обвинител излезено е и вешто лице ектроинжињер. Увидот треба да даде одговори кои се причините за големиот пожар, во кој до темел изгоре еден погон за производството на наполитанки, барови, вафли и тортички, како и два магацини, од кои еден за суровини, а вториот со готови производи.

Компанија „Макпрогрес“ која вработува 500 лица и е столбот на виничката економија добива поддршка и од граѓаните, на социјалните мрежи се споделуваат апели за купување на производи. Од Стопанската комора на Македонија денеска информираат дека во петок е закажан состанок на кој претседателот Азески со сопственици на ланци маркети ќе разговараат каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажба со цел да се засили продажба на производите на Макпрогрес-Виница.

„Стимулирањето на зголемената домашна потрошувачка на производите на Макпрогрес според проекциите на менџаментот на Макпрогрес а во координација со активностите во Комората може да биде сериозна поддршка за обезбедување опстанок на фабриката, но најбитно и единствен начин за задржување на сите работници на работа во компанијата со што нема да се предизвика негативен ефект врз вработените и нивниот животен стандард“, се вели во соопштението од Стопанската комора на Македонија.

Оваа виничка компанија е основана пред 35 години и е извозно ориентирана, нејзините производи се присутни на пазарите во над 50 земји низ светот.

Викторија Јованова