Пратениците од власта и опозицијата се скараа за измените на Законот за градба кои меѓудругото предвидуваат посебна постапка за поставување фотоволтаици на објекти без решение. На седницата се прифатени три амандмани, еден не е прифатен, 12 се повлечени, а пет се комисиски усвоени. Целта е да се забрзаат и олеснат процедурите за компаниите во време на енергетска криза, под услов во рок од една година да го инсталираат панелот. За ВМРО-ДПМНЕ измените се нелогични и не ги прифаќаат.. За да стапат во сила, измените треба да го поминат собранискиот филтер.











