Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратениците одбиваат некој да им раскажува што е договорено со „Бехтел и Енка“ – бараат директен увид

/

пред 1261 дена

Сподели преку :

Примероци од договорот и 10 дена за да ги разгледаат, бараат пратениците  со безбедносен сертификат. Одбиваат податоците да им бидат раскажани, сакаат самите да ги разгледаат, особено затоа што, според нивни информации,  осум пратеници, од кои двајца без сертификат, веќе го виделе договорот.

За овие пратеници промашување е денешната координација кај собранискиот спикер, на која, во нивно отсуство е одлучено,  опозицијата да предложи тело и да одреди рок кога да им биде презентиран договорот.

Тврдат дека, досега класифицираните документи секогаш им биле давани на увид на пратениците со безбедносен сертификат а последен пат тоа се случило со нацрт-договорот со Бугарија.

Сепак, утрово, мнозинството одлучи поинаку.

Пратениците пред две недели побараа од премиерот да им го достави класифицираниот договор, по што од владата најавија дека претставници од Комитетот за изградба ќе ги презентираат деталите од договорот.

Далиборка Демјанска Цветановска