Собранието ја изгласа потребата законот со кој се овозможува ново задолжување на државата од 260 милиони евра да се гласа по скратена постапка.
Заменик министерот за финансии Николче Јанкулоски презентирајќи ја потребата кажа дека станува збор за однапред планирано задолжување во транспарентна постапка.
СДСМ побара да се симне од дневен ред и да се оди по редовна постапка за гласање ,изразувајќи загриженост за состојбата на Буџетот и воопшто на државата.











