Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратениците не ја изгласаа резолуцијата со која се бара Израел да овозможи влез на храна и медицински средства за цивилите во Газа

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Пратениците денес во Собранието не ја изгласа предлог-резолуцијата за хуманитарната помош во појасот Газа предложена од пратениците Арбана Пашоли, Рина Ајдари, Скендер Реџепи, Муса Џафери, Дијана Тоска, Илире Даути и Сали Мурати.

Од присутните 93 гласаа само 16 пратеници. Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека се молчи додека деца умираат од глад.

Во моментов во Собрание само 16 пратеници гласаа за хуманитарна помош за Газа (од кои 6 пратеници на Левица) – односно Израел да дозволи влез на хуманитарната помош. Од народ кој во Втората светска војна издвојува победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет молчиме, додека деца умираат од глад, напиша пратеничката на Левица Јована Мојсоска. 

Резолуцијата беше наменета Израел да дозволи да не се одлага влезот на хуманитарна помош (храна, медицински средства и логистичка поддршка) за цивилното население во Појасот Газа, во согласност со меѓународното право, како и со одлуките на релевантните меѓународни тела и организации и се упатуваше повик кон Обединетите нации, Европската унија, Исламската Конференција, како и сите други меѓународни организации да засилат дипломатски и хуманитарен притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада и за подобрување на условите за цивилите.

Тамошните здравствените власти во Газа објавија дека синоќа уште десет луѓе умреле од глад, вкупно 111 во изминатите недели, меѓу кои 80 деца.