Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратениците во Бугарија ги замрзнаа своите плати

/

пред 110 дена

Сподели преку :

Пратениците во бугарското Народно собрание ги замрзнаа своите примања на нивото од март 2026 година, односно ќе добиваат основна месечна плата во висина на три просечни месечни плати на вработените во јавниот сектор.

Предлагачи на измените се од партијата „Прогресивна Бугарија“ на новоизбраниот премиер Румен Радев со објаснување дека замрзнувањето на платите е поврзано со големите очекувања на јавноста и дека во услови на криза народните претставници треба да дадат пример.

Со ова се укинува автоматското пресметување на платите на секои три месеци.