Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пратеникот Сурија Рашиди нов директор на МЕПСО, а Бујаре Абази ќе ја раководи „Македонски пошти“ – АА ги даде предлозите за директори

/

пред 1318 дена

Сподели преку :

Алијанса за Албанците ги назначи новите директори на енергетската компанија МЕПСО и Македонски Пошти.

На местото на Орхан Муртезани од Алтернатива за прв човек на МЕПСО е назначен пратеникот Сурија Рашиди, а Бујаре Абази, поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“.

Рашиди е дипломиран машински инженер на Универзитетот во Приштина. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.

Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер.

Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

Новите директори треба да бидат назначени од Надзорните Одбори од компаниите.