Празнувањето на големиот христијански празник Божиќ се поклопува со зимските празници со кои во претхристијанскиот период се славело раѓањето на новото сонце. Токму затоа низ вековите многу од народните обичаи и традиции се испреплетувале, и дел од паганските ритуални практики останале до ден денес. Професорката по народна книжевност, Ана Витанова-Рингачева вели дека таквите обичаи полека се искоренуваат, но во некоја форма се присутни во многу краишта на земјава и регионот.
- „Во обидот Бадник и Божиќ да се прославуваат во христијански дух во различни градови се создаваат нови традиции. Во Струмица таква е организирањето ан бадникарски концерт на градскиот плоштад, во чија организација учествува православната струмичка епархија, заедно со фондација Елеуса и Општина Струмица“ изјави проф. д-р Ана Витанова-Рингачева.
„Во Струмица полека згаснува и палењето на коледарски огнови. Освен што за нив апелираше Македонската православна црква дека не се во духот со христијанските обичаи, последниве години се поостри се критиките од еколошките здруженија, со оглед дека Струмица е на врвот во државата по загаденост на амбиенталниот воздух“ изјави Катерина Дафчева- Елеуса Фондација.
Сузана Мицева











