Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Собранието денеска ќе го разгледа предлогот на ЛДП за воведување една изборна единица.

Неговата цел е да се обезбеди еднаква вредност на гласот за сите граѓани, без оглед на географската распределба, како и воведување преференцијално гласање за поголемо влијание врз изборот на кандидати.

Предлогот предвидува и поголема застапеност на помалите партии, јакнење на довербата во изборниот процес и подобра застапеност на маргинализираните групи, како жени, млади и лица со попреченост.

Законот предвидува и фиксен праг од 1.000 потписи за поднесување листа и продолжување на рокот за собирање потписи на 30 дена, што треба да овозможи поголема вклученост на сите политички субјекти.

Пропорционалниот изборен модел со отворени листи ќе овозможи граѓаните директно да го определуваат редоследот на кандидатите, а родовиот паритет ќе гарантира порамномерна застапеност на мажите и жените.